Гуаидо на протест на опозицијата во Каракас

43

Во Каракас вечера беа одржани протести, предводени од лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој ги повика граѓаните да излезат на улиците и да го соборат од власт претседателот, Николас Мадуро.

Гуаидо повика на демонстрации низ целата земја за да се обнови кампањата што се спроведува против Мадуро од јануари, а која во изминатите месеци изгуби на интензитет, пренесува агенцијата АП.

Тој ги повика приврзаниците да останат на улиците наредните денови, укажувајќи на Боливија, каде по 18 дена протести, Ево Моралес, сојузник на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, поднесе оставка.