Грчката Крајбрежна стража пресретна 29 мигранти

63

Припадници на грчката Крајбрежна стража денеска пресретнаа брод со 29 илегални мигранти во Егејското Море, на потегот меѓу градовите Александрополис и Самотраки.

Крајбрежната стража интревенирала откако еден од мигрантите од бродот се јавил на меѓународниот број за итни случаи 112, барајќи помош.

Како што јави АНА-МПА, пресретнатите мигранти биле префрлени во Александрополис.

Според локалните власти, мигрантите се во добра здравствена состојба и чекаат да бидат префрлени во центар за прием и идентификација.