Групата седум светски сили (Г7) и нивните лидери

259

Г 7, односно Г8 пред да биде Русија избркана од клубот поради анексијата на Крим во 2014 година, беше формиран во 1975 година како неформален форум што ги обединува лидерите на водечките индустриски држави во светот.
Со комбиниран бруто-домашен производ (БДП) од 39.000 долари, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Британија и САД претставуваат 48,3 отсто од глобалното нето-богатство.

Франција е домаќин на новиот самит на Г 7 во Бијариц од 24 до 26 август. Европската држава, која претседава со форумот до крајот на годинава, го обнови форматот на самитот на Г 7 и на состанокот ги покани да учествуваат и земјите-партнери, како Австралија, Чиле, Индија и Јужна Африка. Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка во вторникот, 20 август, па засега е нејасно кој ќе ја предводи италијанската делегација на самитот на Г 7.