Горбачов: Состанокот Путин – Трамп би можел да биде историски

149

Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов смета дека следниот состанок на американскиот претседател со рускиот претседател би можел да биде историски настан.

Горбачов смета дека ако Владимир Путин и Доналд Трамп направат чекори за соработка, нивниот состанок би можел да остане запишан во историјата како голем момент.

Тој додаде дека Хелсинки, главниот град на Финска, е одлично место за таков состанок.

Горбачов се сретна во Хелсинки во 1990 година со тогашниот американски претседател Џорџ Буш.