Голем пожар изби на пазар во Обединетите Арапски Емирати

190

Голем пожар изби вечерва на пазар во Обединетите Арапски Емирати, пренесуваат весниците „Нешнал“ и „Галф тајмс“.

Локалните власти не биле достапни за коментар, ниту за потврда на овие информации.
Нема ниту информации за евентуални жртви ниту за направена штета.

Инцидентот се случува само еден ден по вчерашната експлозија во пристаништето во Бејрут, во која загинаа над 130 луѓе и околу 5.000 се повредени.