Голем пожар во зграда во Лондон

56

Голем пожар избувна вечерва во една четирикатна зграда во реонот на Бејсвотер во Лондон, соопшти лондонската противпожарна служба.

Во гаснењето на пожарот учествуваат најмалку 70 пожарникари со десет противпожарни возила. 

Во соопштението се посочува дека „горат по половна од првиот и вториот кат на зградата“.

Причините за пожарот засега не се познати, а нема ни информации за евентуални жртви.