Голем број жртви при падот на кубанскиот патнички авион

934

Авион од типот „Боинг 737-200“ на компанијата „Кубана де Авиасион“ со 104 патници и членови на екипажот се урна денеска набрзо по полетувањето од хаванскиот аеродром „Хозе Марти“.

Како што јави ДПА, авионот бил на лет од Хавана до градот Олгин во источниот дел на Куба.

Засега нема официјални информации за бројката на загинати, но според кубанскиот претседател Мигел Диаз-Канел, при падот на авионот има „голем број“ жртви.

Авионот се урнал 12:08 часот по локално време (18:08 по средноевропско време) во близина на селото Сантијаго де Ла Вегас, на околу 20 километри јужно од Хавана.

Кон местото на падот на авионот се упатиле полицајци, екипи на Брзата помош и противпожарни возила.

Причините за уривањето на авионот засега не се познати, но набрзо по инциднетот авиокомпанијата „ Кубана де Авиасион“ приземји некои од нејзините летала.