Големи протести во Јужна Кореја против новите мерки на владата

124

Неколку илјади демонстранти денеска протестираа во Сеул против повторното воведување мерки за физичка дистанца, откако е забележан голем пораст на нови случаи на ковид-19.

Протестите избија откако судот во Сеул ја поддржа одлуката на владата да забрани големи собири поради здравствени ризици.

Полицијата предуперди дека нема да дозволи незаконски протести.

Протестот се одржува пред Денот на ослободувањето, денот кога Јужна Кореја го одбележува датумот кога е ослободена од јапонската окупација, по што таа земја капитулира во Втората светска војна.

Во Јужна Кореја денеска се регистрирани 166 нови случаи на ковид-19, што е најголем дневен пораст во последните пет месеци.