Глобална потрошувачка на јаглен

134

Југоисточна Азија лани беше единствениот регион во светот во кој учеството на јаглен за производство на енергија се зголеми, според Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Глобалната потрошувачка на јаглен во 2013 година се искачи на рекордни 3.867 милијарди тони нафтен еквивалент, а лани побарувачката се намали за само 2,5 отсто од максимумот.

Кина и понатаму е водечка земја според емисиите на јаглероден диоксид. Во 2013 година, Пекинг донесе петгодишен план за намалување на потрошувачката на јаглен за 50 отсто и да ги зголеми инвестициите во обновливите извори на енергија. Кина сега има една третина од вкупниот број ветерници и една четвртина од вкупниот број соларни панели во светот.

Обновливите извори на енергија лани се зголемија за над 25 отсто во Индија и во Кина, кои заедно претставуваа половина во глобалниот пораст на обновливите извори на енергија. Индија во 2014 година донесе план за четирикратно зголемување на обновливите извори на енергија до 2022 година.