Германската канцеларка ја повика Русија да помогне за да се избегне хуманитарна криза во Сирија

55

Германската канцеларка Ангела Меркел очекува Кремљ да го искористи влијанието врз сириската влада, за да се спречи хуманитарна катастрофа во северната провинција Идлиб, контролирана од бунтовниците, информира портпаролката на Меркел.

Во последниве денови Меркел го покрена прашањето и со американскиот претседател Доналд Трамп и со неговиот руски колега, Владимир Путин.

– Очекуваме Русија  да ја спречи сириската влада за да не ескалира ситуацијата, и да не дојде до хуманитарна катастрофа, изјави портпаролката на Меркел на редовна прес- конференција. Таа додаде, дека е приоритет хуманитарните организации да имаат пристап до цивилите. 

Русија утре започнува големи поморски вежби во Медитеранот. Овој чекор најверојатно има за цел да ги спречи западните сили да ги нападнат силите на Дамаск.