Германската влада одлучи: Задолжителна вакцинација против мали сипаници од следната година

28

Вакцинирањето против мали сипаници ќе стане задолжително за децата и вработените во германските детски градинки и училишта од март следната година, одлучи денеска германската влада.

Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел денеска го одобри предлогот, наведувајќи дека бројот на случаи на големи сипаници значително се зголемил во текот на изминатите години. Се очекува дека членовите на германскиот парламент, каде што владејачката коалиција на Ангела Меркел има мнозинство, ќе го одобрат законот. Според програмата што ќе се применува од март 2020 година, родителите на деца од училишна возраст, почнувајќи од детска градинка, ќе мора да дадат докази за вакцинација.

Непочитувањето на овој пропис значи дека на децата нема да им биде дозволено да се запишат во детските градинки и нивните родители може да бидат парично казнети. Родителите на постарите ученици ќе мора да платат казна до 2.500 евра.