Германија го одби повикот на Трамп за распоредување копнени сили во Сирија

117

Германија ги отфрли барањата на САД за распоредување на копнени сили во Сирија, став кој најверојатно ќе го налути претседателот Доналд Трамп, кој бараше од канцеларката Ангела Меркел да ја зголеми воената улога на Блискиот Исток.

– Кога ќе кажам дека владата предвидува придржување до актуелните мерки во воената коалиција против Исламската држава, ова не вклучува никакви копнени сили, како што е добро познато – изјави портпаролот на владата Штефен Зајберт на редовната прес-конференција.