Германец ја удавил мајка си во бунар по кавга за наследството

70

56-годишен маж од германскиот град Нојенкирхен е уапсен под обвинение дека својата 79-годишна мајка ја удавил во бунар.

– Улрих Ф. е обвинет за спуштање на својата мајка Елесе во бунар во доцните вечерни часови на 25 јуни 2019 година, притоа оставајќи ја да се удави во вода со длабочина од два метра – рече обвинителот Мартин Ботзенхарт во изјава за „Билд“.

Смртта со давење во вода била потврдена и со обдукција спроведена на 27 јуни од страна на Институтот за правна медицина на Универзитетот во Минстер. Полицијата уште тогаш го уапсила Улрих Ф. под сомнение дека го извршил убиството, но набрзо го ослободила поради отсуство на докази.

Единицата за убиства потоа утврдила, врз основа на анализа на дополнителни докази, дека модринките на главата на починатата жена најверојатно настанале по повреда што се случила надвор од бунарот. Дури потоа, Улрих Ф. ја убил својата беспомошна мајка давејќи ја во бунар.

Според информациите објавени од полицијата, причината поради која Германецот ја убил својата мајка е кавга околу семејното наследство.
– Плановите на Елсе Ф. во врска со наследството, не се совпаѓале со оние на нејзиниот син, кој сакал да го искористи за свои цели – изјави директорот на единицата за убиства, Јоаким Пол.