Германец ги труел колегите, осомничен дека убил 21 лице

214

Германската полиција ја истражува смртта на 21 вработен во фирма во северозападниот дел на земјата, откако еден од вработените е снимен како става отров во сендвичот на колегата.

Полицијата соопшти дека уапсила 56-годишен маж, осомничен за обид за убиство на негов колега во фирма, во градот Шлос Холте-Стукенброк. Полицијата не го објави името не осомничениот, ниту на компанијата.

Германската полиција соопшти дека жртвата забележала нешто сомнително во својот ручек и за тоа биле известени надредените и властите. Снимката од надзорната камера го откри осомничениот како става супстанца во облик на прашок во сендвичот на жртвата. Тестовите покажале дека станува збор за отров кој предизвикува тешки оштетувања на органите.

При претресот на станот на осомничениот, пронајдени се неколку отровни супстанци, вклучувајќи жива, олово и кадмиум. Натамошната истрага утврдила дека од 2000 година досега 21 вработен од компанијата починале од срцев удар или рак набргу по пензионирањето. Експертите утврдиле дека труењето со тешки метали можело да предизвика болести кои довеле до нивна смрт.

Мотивите на осомничениот засега не се познати.