Генерал Тод Волтерс номиниран за главен командант на силите на НАТО во Европа

30

Пентагон соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го номинирал генерал Тод Волтерс за следен командант на силите на НАТО во Европа и раководител на европската Команда на вооружените сили на САД.

Ако го одобри Сенатот, генерал Волтерс ќе го наследи на функција генерал Кертис Скапароти.

Соопштението за неговата номинација го објави Патрик Шанахан, в.д. министер за одбрана на САД. Тој нагласува дека државите од НАТО се согласиле со назначувањето на Волтерс за врховен командант во Европа.

Во моментот, тој е командант на американските ВВС во Европа.