Геминиди, најинтензивниот метеорски дожд ноќта на петок 13ти

159

Геминиди се смета за еден од најинтензивните метеорски дождови, затоа што метеорите се многу светли и брзи. Метеорскиот дожд се случува секоја година и содржи помеѓу 100 и 120 метеори на час, кои патуваат со брзина од 78.000 милји на час. Геминиди е стар речиси 200 години, а првпат бил забележан при набљудување од САД во 1833 година. Интересно е што метеорите полека стануваат посилни затоа што гравитацијата на Јупитер го влече потокот на честички од изворот на дождот (астероидот 3.200 Фаетон) уште поблиску до Земјата.