Гваидо најави бојкотирање на предвремените избори во Венецуела

54

Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гваидо, порача дека политичките противници на претседателот Николас Мадуро нема да учествуваат на какви било предвремени избори што ќе бидат распишани.

Во интервју за агенцијата АП, Гваидо рече дека спроведувањето избори додека Мадуро е на власт би било фарса.

Актуелната власт во Венецуела најави дека ќе бидат распишани парламентарни избори на почетокот од следната година.