Гваидо им ја отвора вратата на Американците?

136

Венецуелскиот парламент, што се наоѓа под контрола на опозицијата, синоќа го одобри враќањето на земјата во Меѓуамериканскиот договор за взаемна помош (ТИАР) што ќе овозможи легална евентуална странска воена интервенција во земјата зафатена со сериозна политичка и егзистенцијална криза, пренесуваат светските агенции.

– Текстот на договорот едноглансо е одобрен и потпишан – изјави претседателот на парламентот, Хуан Гуаидо, по гласањето во Каракас.

Со ова Венецуела се враќа во ТИАР (познат и како Договорот од Рио), седум години откако излезе од него, со одлука на тогашниот претседател Хуго Чавез.

ТИАР од кој истапија и Боливија, Еквадор и Никарагва, се смета за средство за ширење на американското влијание во Латинска Америка.