Гардијан: Лондон бара испорачување на осомничените за труењето на Скрипал

62

Британија се подготвува од Русија да побара испорачување две осомничени лица за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија со нервен гас, објави „Гардијан“, повикувајќи се на владини извори.

Обвинителите подготвиле барање за испорачување што треба да биде доставено до Москва, но нема никакви наводи за тоа кои се осомничените.

Руската Амбасада во Лондон засега не добила никакво официјално барање од Британија. Инцидентот со Скрипал се случи во март оваа година во британскиот град Солзбери. Двајцата по лекувањето беа пуштени, а Русија е обвинета за нивно труење, што Москва демантира.