Вселената станува ново боиште во ривалството помеѓу САД и Кина

204

Меѓу најзначајните прашања за националната безбедност со кои се соочува американскиот претседател Џо Бајден е како да се справи со заканата која Кина ја претставува за американската армија во вселената, пишува „Њујорк тајмс“.

Администрацијата на Бајден допрва треба да соопшти што планира со наследството на Доналд Трамп во оваа област, со вселенските сили, новата гранка на американската војска која беше критикувана како скапа и лошо осмислена, и која би можела да резултатира со нова опасна трка во вооружување.

 – Постои сознание дека нашите вселенски системи се прилично ранливи. Администрацијата на Бајден ќе забележи поголемо финансирање на вселенската одбрана и на справувањето со овие закани – вели Грег Грант кој беше во Пентагон за време на администрацијата на Барак Обама, и кој помогна во осмислувањето на одговор на Кина.

Целта на САД е создавање на американско присуство во вселената, кое ќе биде толку издржливо што, без разлика со какви напади ќе се соочи, ќе фукционира доволно добро за американската армија да прикаже моќ наспроти Кина.

 – Вселената веќе е арена за натпреварувањето меѓу големите сили и најзначајната претстојна закана – истакна пензионираниот генерал Лојд Остин, кој беше назначен од Бајден за државен секретар за одбрана.

Тој пред Сенатот кажал дека ќе го задржи вниманието на заострување на натпреварувачкиот нагон на државата против армијата на Кина чија моќ се зголемува.