Врховниот суд ја поддржа забраната на Трамп за влез во САД

183

Врховниот суд на САД  денеска ја поддржа  одлуката на претседателот Доналд Трамп за забрана за влез на граѓани од неколку, главно, муслимански земји.

Со тоа Судот го отфрли приговорот дека забраната ги дискриминира муслиманите или дека претседателот со неа ги пречекорил овластувањата.

Одлуката е донесена со пет гласови „за“ и четири „против“ и претставува прва суштинска одлука на Судот за некоја политичка одлука на администрацијата на Трамп.

Главниот судија Џон Робертс писмено образложи дека претседателите имаат суштинско овластување да ја регулираат имиграцијата и појасни дека со пресудата не се изразува политички став.