Врховниот суд контра Трамп: Законот ги штити ЛГБТ-работниците од дискриминација

48

Врховниот суд во САД пресуди дека работодавците што отпуштаат работници зашто се геј или трансродови ги кршат законите за граѓански права во државата, објави Би-би-си.

Во одлуката 6-3 се наведува дека федералниот закон, кој забранува дискриминација врз основа на полот, треба да ја подразбере сексуалната ориентација.

Со оваа пресуда ќе се зголеми заштитата на милиони работници во САД и претставува пораз за администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која тврди дека членот 7 од законот за граѓански права, кој ја брани дискриминацијата врз основа на полот не се однесува на дискриминација по родениот идентитет и сексуалната ориентација.

ЛГБТК-заедницата брои речиси еден милион работници што се идентификуваат како трансродови и 7,1 милиони лезбијки, хомосексуалци и бисексуалци.

Пресудата е голема победа за ЛГБТ-заедницата и нивните сојузници.