Врховниот суд ги отфрли барањата на Трамп

290

Врховниот суд на САД денеска формално ги отфрли барањата за брзо разгледување на случаите поврзани со исходот на изборите во пет држави, каде што победи Џо Бајден. Барањата беа поднесени од претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници.

Резултатите од изборите во Аризона, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин се под знак прашалник, пренесува АП.

Судот би можел да постапува по жалбите поврзани со изборите на 3 ноември подоцна оваа зима или на пролет. Неколку судии изразија интерес за случајот во Пенсилванија, каде Врховниот суд на таа држава одлучи да го продолжи рокот за прием на гласачките ливчиња добиени по пошта за три дена.