Вработените во „Гугл“ против цензурираниот пребарувач за Кина

72

Повеќе од илјада вработени во „Гугл“ потпишаа писмо во кое го изразуваат своето незадоволство поради планот на компанијата да покрене цензуриран пребарувач за Кина.

Во писмото се бара од раководството на „Гугл“ да ги разгледаат етичките ставови и барања за транспарентност, бидејќи „вработените мора да знаат што градат“.

Незадоволство кај вработените предизвика информацијата дека „Гугл“ од почетокот на 2017 година развива цензурирана верзија за својот пребарувач под име „Драгонфлај“.

Пребарувачот се развива како мобилна апликација за андорид и наводно чувствителните теми ќе ги става на „црна листа“ и ќе ги филтирира сите интернет страници блокирани од страна на кинеските цензори.

Цензурата ќе се прошири на „Гугл“ за пребарувањето на слики, проверка на правописот и предложените функции за пребарување.