Судир на туристички автобуси во Сочи

15

Најмалку 26 лица се повредени денес при судир на два туристички автобуса во Сочи, при што 23 луѓе се хоспитализирани, објави регионалното министерство за здравство во Краснодар.

Меѓу повредените има и три деца кои претрпеле помали повреди, изјави градоначалникот на Сочи, Анатолиј Пахомов, а пренесе „Тасс“.

Несреќата се случила во областа Адлер во Сочи откако возачот на еден од автобусите не ја испочитувал предноста на другиот.