Во судир меѓу автобус и багер во Медина загинаа 35 странски верници

39

Во судир меѓу автобус и багер во Медина загинаа 35 странски државјани, пренесуваат светските медиуми.

Несреќата се случила синоќа во центарот Ал-Акхал во западниот дел на Саудиска Арабија.

Според информациите, во несреќата загинале арапски и азиски верници кои во Саудиска Арабија дошле на аџилак.

Портпаролот на полицијата ја потврди несреќата и додаде дека станува збор за приватен автобуски превозник со 39 странски патници.