Во Сирија постигнат договор за евакуација на 7.500 бунтовници

151

Сириските државни медиуми и портпаролот на бунтовниците соопштија дека е постигнат договор 7.500 припадници на бунтовничките сили и нивните семејства од Хараста во Источна Гута, да се евакуираат во северната провинција Идлиб, која е под контрола на бунтовниците.

Договорот ќе значи прва евакуација на борците од регионот, што е под контрола на бунтовниците источно од Дамаск, и кој владините сили веќе еден месец постојано го напаѓаат.

Државната телевизија Адуниа соопшти дека 1.500 борци на бунтовничките сили и 6.000 членови на нивните семејства ќе бидат евакуирани утре.

Портпаролот на групата Ахрар ал Шам, Монтер Фарес, рече дека договорот гарантира безбедност за сите оние кои ќе одлучат да останат во градот откако Владата ќе ја преземе контролата.

Во најновиот и еден од најсмртоносните напади врз сирискиот главен град во последните седум години колку што трае граѓанската војна, загинаа 44 лица, од кои повеќето жени и деца. Во овој напад бунтовниците го гранатираа пазарот во Дамаск.

Според активистите, во друг воздушен напад врз провинцијата која е под контрола на бунтовниците во северозападна Сирији загинале 21 лице, од кои 16 биле деца.