Во САД казнета „Сосиете Женерал“ со 1,34 милијарди долари

73

Француската банка „Сосиете Женерал“ (Societe Generale) денеска беше казнета од американските агенции со 1,34 милијарди долари, бидејќи според американските власти ги нарушила различните видови ембарга и економски санкции, соопшти американската Управа на федерални резерви.

Според американските власти, „Сосиете Женерал“ со трансакциите ги прекршила американските санкции кон Куба, Иран и Судан.