Во САД извршена смртна казна на сојузно ниво по 17 години

590

Во САД е извршена првата смртна казна на сојузно ниво по 17 години, а егзекутиран е човек осуден за тројно убиство, соопшти Министерството за правда.

Даниел Ли (47) беше погубен во 8.07 часот по локално време со смртоносна инекција во сојузниот затвор во Индијана, се наведува во соопштението доставено до агенцијата „Франс Прес“.

„Убивате невин човек“, биле последните зборови на овој осуденик, објави новинар од Индијанаполис кој присуствувал на егзекуцијата.

Во 1999 година, Даниел Ли беше прогласен за виновен за убиство на брачна двојка и на нивната осумгодишна ќерка во Арканзас за време на грабеж.

Според американските медиуми, семејствата на жртвите се спротивставиле на егзекуцијата, па затоа поднеле тужба за запирање на истата, наведувајќи дека поради ризикот од коронавирусот нема да може да присуствуваат на извршувањето на смртната казна.

Уште две егзекуции на сојузно ниво се закажани за подоцна оваа недела, додека четвртата егзекуција е планирана за август.