Во Русија протести поради зголемување на старосната граница за пензионирање

41

Илјадници луѓе денеска протестираа ширум Русија поради планот на Владата да ја зголеми за пет години старосната граница за пензионирање.

Неколку илјади луѓе учествуваа на собирот во Москва, што беше во организација на Комунистичката партија и другите левичарски групи. Протести имаше и во другите градови во сите 11 руски временски зони.

Планот на руската Влада за зголемување на старосната граница за пензионирање за мажите на 65, а за жените на 60 години, наиде на неодобрување како кај постарите така и кај младите Руси. Повозрасните стравуваат дека нема да доживеат пензија, додека младите наведуваат оти подолгиот работен век ќе ги ограничи нивните шанси за вработување.

Предлогот влијаеше и на падот на популарноста на претседателот Владимир Путин, кој истакна дека е неопходно зголемување на старосната граница за пензионирање.