Во поплавите во Индија загинаа најмалку 80 луѓе

22

Најмалку 80 луѓе загинаа во поплавите што минатата недела ја погодија јужната индиска држава Керала, јави денеска Си-Ен-Ен.

Метеоролозите најавуваат дека и следните четири дена ќе врне дожд.

Комесарот за помош при вонредни ситуации П.Х. Куријан изјави дека најмногу луѓе, десетмина, загинале денеска при лизгање на земјиште.

Илјадници луѓе се заробени од надојдената вода, а властите ги повикаа и рибарите да помогнат во спасувачката акција.

Надојдената вода оштети стотици куќи.

Според локалната служба за вонредни ситуации, тоа се најголеми поплави во последните сто години. Од мај, кога почнаа сезонските дождови, досега во поплавите загинаа над 200 лица.