Во пожар во Њујорк загина шестчлено семејство

95

Пожарникарската служба на Њујорк соопшти дека шест лица, вклучувајќи четири деца, загинаа денес во пожар во станбена зграда во Харлем, Њујорк.

Комесарот на пожарникарите Даниел Нигро изјави дека пожарната служба примила повик во 1.40 часот после полноќ од лице кое се наоѓало наспроти седумкатната зграда, соопшти АП.

Според зборовите на Нигро, пожарникарите одговориле на повикот во рок од три минути. Пожарникарите веднаш почнале да го гасат огнот, а кога стигнале до двете спални соби, пронашле тела на двајца возрасни и четири деца, на возраст од три до 11 години.

Комесарот Нигро за медиумите истакна дека речиси 100 пожарникари учествувале во гасење на пожарот и дека им било потребно повеќе од еден час за да го стават пожарот под контрола.