Во пожар во детски камп во Русија, загинаа најмалку пет деца

60

Најмалку пет деца загинаа во пожар во детски камп во ски-центарот Холдоми во рускиот Далечен Исток.

Според информациите, загинати се три девојчиња од 10 и две од 11 години, а уште едно дете е во тешка здравствена состојба. Повредени се 12 луѓе, од кои седум се деца.

Огнот избил во еден од шаторите, а потоа се проширил на 26 шатори од кои 20 целосно изгореле.

Во кампот за време на пожарот имало 189 деца. Се уште се истражува причината за пожарот.