Во Пакистан одржана трибина за феминизам без присуство на ниедна жена

75

Пакистанскиот совет бил принуден да го преименува и да го реорганизира панелот за феминизмот бидејќи не била поканета ниту една жена.

Кога се дознало дека на панелот во Карачи, со наслов „Феминизам: Друга перспектива“, ќе зборуваат исклучиво мажи, пакистанските власти наишле на жестоки критики на социјалните мрежи.

Советот потоа поканил две жени на панелот и го преименувал во „Разбирање на феминизмот“.

Единствената жена чие име било спомнато во оригиналната форма на панелот била водителката на дискусијата Узма ал-Карим, чие име било ставено на дното на промотивната литература, пишува „Би-би-си“.

По острата критика на социјалните мрежи упатени до организаторите на панелот, на настанот се додадени две говорнички: феминистката Мехтаб Акбар Рашди и новинарката Катрина Хосеин.