Во Нов Јужен Велс регистрирани 73 пожари

15

Силните ветрови ги интензивираа пожарите ширум австралиската држава Нов Јужен Велс, а Противпожарната служба го зголеми нивото на опасност за три од вкупно 73 пожари.

На жителите на Табулам, град во североисточниот дел на Нов Јужен Велс, им е препорачано да најдат засолниште во цврстите структури бидејќи е премногу опасно да се обидуваат да побегнат од пожарите.

Жителите на Порт Стивенс се предупредени веднаш да ги напуштат домовите.
Во гаснењето на пожарите учествуваат речиси 800 пожарникари, а Метеоролошката служба предупреди на многу топло, суво време низ цела Австралија во следните три месеци и можност од појава на Ел Нињо.