Во напад пред полициска станица во Авганистан загинаа 12 луѓе

25

Во експлозии на два автомобил-бомби кои ги поставиле талибанци на влез пред полициска станица во авганистанскиот град Кандахар загинаа најмалку 12 лица, а повеќе од 80 се повредени, соопшти тамошната полиција.

Според информациите, по експлозијата милитантите отвориле оган од позиции во близина, а безбедносните сили им одговориле. Наводно, цел на нападот биле единиците за борба против дрога.

Меѓу настраданите има и полицајци и цивили, соопшти портпаролот на провинцијата Кандахар.

Талибанците во соопштение наведоа дека нападот продолжува бидејќи некои борци упаднале во зградата на полицијата.