Во Мексико запленети приближно два тона кокаин

24

Мексиканската морнарица соопшти денеска дека запленила речиси два тона кокаин во близина на јужниот брег на Тихиот Океан.

Еден од авионите на морнарицата вчера забележал сомнителен брод на 87 наутички милји од брегот на Акапулко.

На бродот имало 75 пакети со кокаин, а уапсен е еден маж по потекло од Еквадор.