Во масакрот на Шри Ланка загинаа 359 лица

38

Бројот на мртви од бомбашките напади во Шри Ланка кои се случија на католички Велигден се зголеми. Тамошната полиција за репортерите на Си-ен-ен откри дека бројот на убиени луѓе се зголемил од 320 на 359.

На 21 април терористи извршија серија координирани смртоносни бомбашки напади низ градови во Шри Ланка. Досега полицијата уапси 60 лица кои се поврзуваат со нападот, а истрагата се уште трае, објави „Ројтерс“.

Заменик министерот за одбрана на прес-конференција изјави дека еден од деветмината бомбаши во нападите била жена. „Ројтерс“ објави дека американските разузнавачи веруваат оти терористите планираат уште напади во Шри Ланка.

Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге, синоќа предупреди дека на слобода се уште неколку осомничени за терористичките напади. Тој рече дека некои од нив најверојатно имаат и експлозивни направи. Претседателот на Шри Ланка, Маитрипала Сирисена, најави дека во рок од 24 часа ќе направи смена на челниците на одбранбените сили, откако истите пропуштија да ги спречат самоубиствените напади и покрај фактот што располагале со претходни информации за можни напади, специфично врз верски објекти.

-Целосно ќе ја реконструирам полицијата и безбедносните сили во текот на следните недели. Очекувам и смена на одбранбеното раководство во наредните 24 часа- рече Сирисена.