Во Лондон уапсено момче под сомнение за тероризам

611

Британската полиција соопшти дека утрово уапсила 18-годишно момче во Лондон под сомнение дека подготвувал терористички напад.

Момчето е уапсено во северниот дел на Лондон.

Во соопштението на полицијата се наведува дека апсењето не е поврзано со утрешната венчавка на британскиот принц Хари и Меган Маркл.