Во Кина извлечени 11 рудари по 14 дена поминати под земја

100

Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината. Тие две недели беа заробени 600 метри под земјата во рудник за злато во северна Кина, пренесуваат кинеските медиуми.

Кинеската телевизија прикажа снимка од извлекувањето на првиот рудар, кому му беа врзани очите за да се заштити од светлината. Тој веднаш беше пренесен во болница на лекување, а неговата состојба е опишана како „екстремно слаба“, објави Би-Би-Си.

Продолжуваат напорите за извлекување на останатите десет рудари, кои се се уште под земја.

Експлозијата што се случи на 10 јануари во рудник за злато во провинцијата Шангдонг зароби 22 рудари. Еден од нив почина. Спасувачките екипи претходно успеаја да воспостават контакт со рударите и да им доставуваат храна.

Управата на рудникот е во притвор бидејќи чекале повеќе од 24 часа да ја пријават несреќата, чија причина сè уште не е објавена.

Зголемениот надзор ја подобри безбедноста во рударската индустрија во Кина, која годижно одземаше по 5.000 животи. Сепак, несреќите продолжуваат да се случуваат, а 39 рудари загинаа во две несреќи само минатата година.