Во Италија приведени 10 лица поради финансирање на тероризам

70

Италијанската полиција привела десет лица во централната покраина Абруко поради разни прекршоци и перење пари.
Постојат сомнежи дека целта на овие дела е финансирање на исламски екстремистички групи.

На конференција за новинари е соопштено дека осум Тунижани и двајца Италијанци се сомничат дека со огромна сума пари финансирале активност поврзани со радикалната исламистичка организација Ал-Нусра.

Според обвинителите, луѓето што се уапсени вклучувајќи го и имамот на џамијата во градот Терама, Дер Асалам, парите што биле стекнувани со затајување данок се користеле за финансирање на екстремистички групи во Сирија и некои радикални имами со седиште во Италија.

Властите велат дека сите 10 лица се под истрага.