Во заедничка албанско-италијанска акција разбиени четири шверцерски групи

44

Во голема полициска акција спроведна денеска во Албанија и во Италија разбиени се четри криминални групи, што се занимавале со недозволена трговија на дрога и оружје.

Во акцијата, која следела по двегодишна истрага, се уапсени 27 членови на групите, од кои 21 Албанец и шестмина Италјанци. Поголемиот број од лишените од слобода се уапсени во Италија.

Криминаланите групи, чија база била во италијанскиот град Лече, својата активност ја имале проширено и во Калабрија, Тоскана, Емилја Ромања, Сцилја, Лигурија, Ломбардија, но и надвор од Италија.

Уапсените се товарат за организиран криминал и за меѓународна трговија на дрога, оружје и муниција од Албанија кон Италија и потоа кон други земји.

Во акцијата насловена „Цвеќињата на пролетта“, биле вклучени повеќе од 100 полицајци.

Албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Леши ја поздрави акцијата, оценувајкќи ја како „уште еден значаен удар врз криминалот“.

– Друг важен удар врз организираниот криминал помеѓу Албанија и Италија. Финализирање на заедничката акција меѓу полициите на  двете земји, е уште еден јасен доказ за волја и капацитет за сузбивање на организираниот криминал. Акцијата продолжува, нагласи Леши.

Групите, меѓу другото, во изминатите две години од Албанија во Италија, прошверцувале повеќе од девет тони мархуана.