Во Вашингтон потпишан историски договор меѓу Израел, ОАЕ и Бахреин

38

Во Вашингтон беше потпишан историски договор за воспоставување дипломатски односи меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин. Договорот беше потпишан во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Договорот во име на Израел го потпиша премиерот Бенјамин Нетанјаху, а ОАЕ и Бахреин ги претставуваа министрите за надворешни работи.

Покрај индивидуалните билатерални договори меѓу Израел, ОАЕ и Бахреин, трите земји потпишаа и трилатерален документ.

Документите се нарекуваат „договорите на Абрахам“, а ги потпиша и Трамп како сведок.