Во Бенин загинаа двајца француски војници кои спасуваа заложници

56

Двајца француски војници денеска беа убиени во операција за спасување на четворица заложници во африканскиот регион Сахел, објавија француските власти.

Во соопштението се вели дека заложниците, меѓу кои се американска државјанка, државјанин на Јужна Кореја и двајца Французи, сега се безбедни, пренесува „Ројтерс“.

Двајца француски туристи беа киднапирани минатата недела за време на сафари во Бенин, а нивниот локален водич беше пронајден мртов.