Во Барселона протест за заштита на животните

109

Активисти за правата на животните денеска во Барселона протестираа против користење крзно и кожа од животни.

Неколку десетици активисти, соблечени голи и покриени со лажна крв, легнаа на прометниот Каталонски плоштад, а покрај нив стоеше транспарент со натпис „Колку животи за само еден капут?“.

Протестот го организираше шпанскиот огранок на групата за заштита на правата на животните „Анима Натуралис“.