Вонредна состојба поради сушата во Чиле

41

Главниот град на Чиле, Сантијаго де Чиле и неговата околина се соочуваат со најголемата суша во последните шесет децении, соопштија властите во земјата.

Владата во голем број области прогласи вонредна состојба за да се обиде да им помогне на фармерите, пренесе „АП“.

Властите изразија загриженост поради ефектите од климатските промени. Токму тука во декември ќе биде одржана светската конференција за климатски промени.