Вонредна состојба во Хонгконг поради коронавирусот

54

Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, денеска објави вонредна состојба и мерки за ограничување на врските на градот со континентална Кина поради новиот коронавирус.

Училиштата ќе останат затворени до 17 февруари, а летовите до и од Вухан, каде почна инфекцијата, ќе бидат стопирани, како и движењето на брзите возови.

Исто така, сите официјални посети на Кина и настани поврзани со новогодишната прослава се откажани, пренесува АП.

Лам рече дека побарала помош од кинескиот државен совет да продолжи со набавка на заштитни маски.

Пет случаи на заболени од коронавирус се потврдени во Хонгконг од локалните здравствени власти. Други 122 лица се лекуваат од сомнителна инфекција.