„Волстрит џурнал“: САД со нов пакет санкции за Северна Кореја

122

Американското Министерство за финансии подготви нов пакет санкции за Северна Кореја, со кои ќе бидат засегнати руски и кинески компании, објави весникот „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на двајца неименувани претставници на американската администрација.

Весникот наведува дека со новите санкции ќе бидат опфатени повеќе од 30 компании од Русија и од Кина. Целта на санкциите е да се ограничат странските приливи во буџетот на Северна Кореја.

Според „Волстрит џурнал“ Белата куќа може да ги објави санкциите уште денеска, но не се исклучува можноста истите да бидат одложени поради преговорите Вашингтон – Пјонгјанг за претстојната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.