Воз излета од шините во Австрија, двајца тешко повредени

109

Два вагона се превртеле откако воз излетал од шините во местото Волендорф во Австрија.

Како што пренесуваат австриските медиуми, во вагоните имало меѓу 60 и 80 луѓе, меѓу нив голем број на деца. Австриските медиуми јавуваат дека две лица се тешко повредени, а 26 лица минале со полесни повреди.

На местото на несреќата се упатеми голем број на возила за итна помош и три хеликоптера.