Властите во Шри Ланка го признаа безбедносниот пропуст на разузнавачите

363

Властите во Шри ланка признаа дека имале голем пропуст во разузнавачката служба пред нападите на католичкиот Велигден кои убија 359 луѓе и повредја повеќе од 500 лица, јавува Би-би-си.

Индиски разузнавачки податоци со предупредување за можни напади од почетокот на овој месец не биле адекватно проследени од властите, кажаа во парламентот на земјата

Претседателот Маитрипала Сирисена направи ќе ги отпушти секретарот за безбедноста и првиот човек на полицијата во Шри Ланка.

Досега, осум од деветте напаѓачи беа препознаени од страна на граѓаните на земјата.

Во моментов, владата на земјата во Јужна Азија истражува како Исламската држава (ИД) е поврзана со нападите, чија цел беа цркви и елитни хотели.

Полицијата сè уште трага по лидерот на локалната радикална исламистичка група Захран Хашим, кој бил дел од осумте лица на фотографијата објавена од ИД. Уште не е познато дали и тој бил меѓу деветмината кои ги извршија самоубиствените напади.

Денес во јавноста се појавија информации дека еден од напаѓачите се школувал во Велика Британија и Австралија, пред да се врати во Шри Ланка, завршуваат од „Би-би-си“.